hristijan-mickoski-

27.06.2025 Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со една изборна единица веднаш.

Мицкоски денеска на седницата во Собранието посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението.

Премиерот вака му одговори на пратеникот Халил Снопче од редовите на Алијанса на Албанците, кој го праша премиерот дали Владата има намера да ја промени одлуката за бројот на советниците во општините по вчерашната одлука на Уставниот суд за спроведување на пописот во 2021 година.

„Често зборувам дека дијаспората е нераскинлив дел од унитарниот карактер на РС Македонија како држава и затоа ве молам како политичка партија да поддржите една изборна единица во која што ќе овозможите дијаспората да гласа“, рече Мицкоски.

Подготвено од М.Д.

About Author