digitalno-evro1

09.06.2025 Скопје

Воведувањето на дигиталното евро би можело да ги чини банките помеѓу 18 и 30 милијарди евра, според истражувањето на консултантска фирма.

Истражувањето нарачано од Европската асоцијација на кредитниот сектор (ECSA), покажа дека трошоците за прилагодување за група од 19 банки треба да изнесуваат малку повеќе од две милијарди евра.

Ова би значело дека трошоците на банките во целата еврозона треба да изнесуваат од 18 до 30 милијарди евра.

Ажурирањето на апликациите за мобилно банкарство, онлајн платформите, физичките платежни картички и терминалите за плаќање ќе бараат значителни инвестиции, покажа истражувањето.

Секоја банка ќе мора да потроши просечно девет милиони евра само за да ја прилагоди инфраструктурата на банкоматите.

Воведувањето на дигиталното евро ќе бара и ангажирање на значителен дел од работната сила во период од неколку години, што би можело да ги забави иновациите во секторот за плаќање.

Дигиталното евро е замислено како европска алтернатива на доминантните американски компании за дигитални плаќања, како што се PayPal, Mastercard и Visa, забележува германска новинска агенција.

Многу банки во Германија се скептични, доведувајќи ја во прашање додадената вредност на проектот во споредба со постојните системи за плаќање, како што се трансферите во реално време.

Подготвено од М.Д.

About Author