25.06.2025 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски има бројни средби на маргините на дводневниот самит на НАТО, но Советот НАТО-Украина на највисоко ниво нема да се одржи на тој состанок оваа година, за разлика од минатогодишниот самит во Вашингтон, бидејќи САД беа против тоа.
Наместо тоа, во тек е работна вечера на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за надворешни работи. Во исто време,
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, го поздрави „отвореното и јасно“ отстранување на членството на Украина во НАТО од дневниот ред на самитот во Хаг, како и фактот дека Зеленски не беше поканет на официјален состанок, туку само на неформална вечера.
„Убеден сум дека со отстранувањето на членството на Украина во НАТО од агендата, светот стана побезбедно место. Со оглед на тоа дека доколку Украина стане членка на НАТО, тоа би резултирало со директна конфронтација меѓу Северноатлантската алијанса и Русија, а таквата директна конфронтација очигледно би била еквивалентна на избувнување на третата светска војна“, додаде Сијарто.
Сијарто рече дека ова е прв пат од 2022 година самитот на НАТО да не е фокусиран на обезбедување поддршка за Украина, туку на зајакнување на колективната одбрана.
Подготвено од М.Д.