
03.06.2025 Скопје
Ако навреме се фатиме за работа, тогаш не гледам причина зошто на следните парламентарни избори да не успееме да одиме со една изборна единица, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по повод 80-годишнината од постоењето на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Политичката партија ЛДП денеска најави дека ќе поднесе во Собранието предлог за укинување на шесте изборни единици и воведување една изборна едиица со можност да гласа и дијаспората. Јас веќе еднаш потврдив дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат ваквиот предлог.
Секако, потребно е тој предлог да дојде во наши раце, добро да го прочитаме и да го анализираме, ама начелно се согласуваме со ваквите измени – порача Мицкоски.
Подготвено од М.Д.