MARKET 5

20.06.2025 Скопје

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и генералната нестабилност на глобалната сцена се закануваат да ја нарушат економската рамнотежа и на мали, отворени економии како македонската. Во овој контекст, академик предупредува дека ефектите би можеле да бидат многу подлабоки отколку што изгледаат на прв поглед – посебно во делот на цените, инфлацијата и стабилноста на производството.

Македонската економија е длабоко поврзана со надворешниот пазар, што значи дека секоја криза што ја погодува глобалната понуда – особено во енергетиката – се прелева и дома. Како пример тој ги наведува енергетската криза, руско-украинската војна и новите тензии меѓу Иран и Израел – геополитички турбуленции кои директно влијаат врз цената на нафтата и другите енергенси. А кога тие поскапуваат, расте цената и на многу други производи, бидејќи нафтата е основен влезен ресурс во индустриското производство.

РС Македонија, со својата висока увозна зависност, посебно за енергенси и суровини, не може лесно да се заштити од вакви потреси. Затоа, зголемувањето на цените во странство речиси автоматски значи увезена инфлација дома. Тоа го прави производството поскапо, ги зголемува цените на крајните производи и врши притисок врз животниот стандард.

„Ако конфликтите продолжат, може да се активираат долгорочни инфлаторни процеси што сериозно ќе ја погодат економската активност и ќе го отежнат водењето бизнис,“.

Државата треба да внимава да не влезе во замката на директно регулирање на цените, бидејќи тоа е само привремено решение. Наместо тоа, тој предлага фокус на системски и индиректни економски политики: зајакнување на конкуренцијата, подобра контрола врз пазарното однесување и активна улога на институциите, како Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Не е оправдано Комисијата да чека пријава за да постапи. Таа има законски надлежности да дејствува и проактивно, особено во кризни услови кога се зголемува ризикот од монополско однесување и ценовни злоупотреби,“.

Но, одговорот не е само во менаџирање на кризи. Според академикот, суштинската отпорност на македонската економија мора да се гради преку модернизација на производствените процеси, воведување на иновации и поефикасно менаџирање на фирмите. Само така може да се создаде економија што ќе биде помалку ранлива на надворешни шокови.

Подготвено од М.Д.

About Author