
03.06.2025 Скопје
Во нацрт-верзијата на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава првпат се споменува посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик, а бугарски и грчки европратеници веќе поднесоа повеќе од 300 амандман.
За предлог-извештајот на известувачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за РС Македонија, Томас Вајц, ќе се расправа в среда. За Извештајот ќе се гласа в среда, на 4 јуни.
Во амандман на бугарски европратеник се бара македонскиот идентитет и јазик да бидат споменати како сегашни. Гласањето за амандманите е со мнозинство, а за извештајот ќе се гласа следниот месец.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека терминот „сегашна3 е неприфатлив, бидејќи со тоа некој сака да создаде нова нација од македонската.
Подготвено од М.Д.