https://www.facebook.com/abaerbock/photos/3196304060649077

02.06.2025 Скопје

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) денеска ќе ја избере поранешната министерка за надворешни работи  на Германија, Аналена Бербок за нова претседателка.

Бербок е единствената кандидатка за лидерската позиција, која има репрезентативна функција. Претседателот на Генералното собрание на ОН има мандат од една година. Гласањето ќе биде на пленарна седница на која ќе присуствуваат 193 земји членки на ОН.

Официјалната инаугурација на Бербок се очекува да биде на 9. септември, кратко пред општите дебати на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН.

Подготвено од М.Д.

About Author