
16.06.2025 Скопје
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување на објавување на фељтонот поврзан за градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
„Ете МВР СВР Штип – ОВР Берово си постапуваат и поднесуваат кривични пријави за незаконски дивоградби.
Во Скопје ако се ангажираат околу 150 дивиградби на Висар со фалсификат документи, каде некој за стотици милиони евра го оштетил буџетот, ќе нема кој да ги брка криминалците што украле 150 ќебапи од глад.
Бидејќи за Висар Ганиу, Изет Меџити и Ејуп Адеми, при толку докази на институциите им е страв да постапуваат, јавно ќе ги објавуваме од понеделник сите докази од постапките со анализите.
Ќе бараме итно произнесување од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ако ова што го прави оваа организирана банда не е криминал, тогаш на сите низ РС Македонија нека им ги отфрлат обвиненијата“, објави таа.
Подготвено од М.Д.