
17.06.2025 Скопје
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за денес најави продолжување на објавување на фељтонот поврзан за градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а тоа и го исполни.
„Висар Ганиу не може да уништи толку документи, колку што јас имам докази. Неговата организирана банда ќе ја види и оној што не сака да ја гледа! На потег е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, известувач и портпарол за етика и спречување корупција на Конгресот на Совет на Европа“, напиша Арсовска.
Скопската градоначалничка објави и фотографии од документите кои ги испратила до Основното јавно обвинителство.
Бидејќи за Висар Ганиу, Изет Меџити и Ејуп Адеми, при толку докази, на институциите им е страв да постапуваат, јавно ќе ги објавуваме од понеделник сите докази од постапките со анализите. Ќе бараме итно произнесување од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ако ова што го прави оваа организирана банда не е криминал, тогаш на сите низ РС Македонија нека им ги отфрлат обвиненијата“, објави таа.
Подготвено од М.Д.