nafta1-696x427-1

12.06.2025 Скопје

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари  и се приближува кон 68 долари, поради оптимизмот на инвеститорите дека трговските разговори меѓу САД и Кина би можеле да ја отстранат заканата за економскиот раст и побарувачката на нафта.

На лондонскиот пазар, цената на барелот беше повисока за 55 центи и изнесуваше 67,59 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 63 центи повисока од 65,92 долари.

Според економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хасет, САД би можеле да ги укинат контролите за извоз на производи како полупроводници ако Кина ги забрза испораките на технолошки минерали и магнети.

Подготвено од М.Д.

About Author