
23.05.2025 Скопје
Бележиме сериозен раст во делот на споредбата со првиот квартал за 2024 и првиот квартал за 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика во сите сегменти на земјоделското производство имаме сериозен раст во делот на откупот и продажбата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Во делот на житата имаме раст од 42%, во делот на градинарското производство имаме 50%, овоштарство и лозарство 12%. Во делот на сточарството, добиток, живина, јајца, млеко и млечни производи бележиме раст од 9 до максимални 63% – појасни министерот.
Министерот Трипуновски додаде дека кај категоријата индустриски растенија, Државниот завод за статистика извади негативна референца бидејќи во ланскиот прв квартал беше спроведен откупот на тутун од реколтата 2023-тата година, за потсетување доцнеше откупот. Додека пак оваа година најголемата количина на тутун се откупи во последниот квартал од 2024 година и тука настанува таа разлика. Инаку кога веќе се говори за тутунот, де факто бројките говорат дека и тука има рекорди во делот на пласманот и девизниот прилив, се откупија над 24 милиони килограми, со што над 196 милиони евра се влезени кај тутунарите.
Денеска премиерот сподели една добра вест, а тоа е дека имаме раст приближно од 5% во делот на извозот, тоа е вкупниот раст во делот на земјоделскиот – прехранбен сектор. Ако ги издвоиме во делот на овошје и зеленчук тогаш тука имаме раст од 14% во споредба со минатиот квартал. Ако го земеме тутунот, тука имаме раст од 35%. Или поточно во бројки, ако во првиот квартал во 2024 година извозот изнесувал 152 милиони евра, оваа година тој извоз изнесува 163 милиони евра. Значи имаме раст од 11 милиони евра – заклучи министерот.
Тој посочи дека ова се бројки за првиот квартал. Министерот очекува до крајот на годината да има од 45 до 50 милиони евра разлика во позитива во однос на минатата година.
Подготвено од М.Д.