
14.05.2025 Скопје
Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија да се согласат на 30-дневен прекин на огнот или да се соочат со значително поголеми санкции истече на полноќ. Во неделата, Путин предложи преговори меѓу Украина и Русија, кои треба да се одржат во Истанбул.
„Зеленски нема да се сретне во Истанбул со никого од Русија освен со Путин“, рече Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Руската делегација се подготвува за преговори во Турција. Ќе објавиме кој ќе ја претставува Русија на овие преговори кога претседателот Путин ќе смета дека е соодветно“, одговори Кремљ.
Кремљ одби дополнително да коментира за предлогот на Володимир Зеленски, Путин лично да учествува во преговорите во Турција.
Во меѓувреме, непотврдени извештаи од руски извори укажуваат дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја предводи руската делегација на преговорите во Истанбул на 15 мај. Според овие извори, во делегацијата ќе биде и помошникот на претседателот Јуриј Ушаков.
Подготвено од М.Д.