
30.05.2025 Скопје
Согласно добиено известување од Град Скопје – Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во сабота и недела во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.
„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во ист термин.
Се известуваат пчеларите навремено да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се вели во соопштението.
Подготвено од М.Д.