dolari-uprava-carina

14.05.2025 Скопје

Во Соединетите Американски Држави работат 1.873 компании чија пазарна капитализација надминува една милијарда долари, што претставува повеќе од една третина од вкупниот број на такви компании во светот.

Јапонија е втора во светот, со 404 јавно котирани компании вредни над милијарда долари.

Од 2000 година, бројот на компании во Индија вредни 1 милијарда долари или повеќе се зголеми од 20 на 348.

На глобално ниво, има вкупно 5.522 јавно котирани компании чија пазарна вредност надминува една милијарда долари.

Иако САД имаат најголем удел, сè поголем број големи фирми доаѓаат од Индија и поширокиот Азиско-пацифички регион. Овој тренд е поткрепен од силниот економски раст, растечкиот прилив на капитал и поволните демографски трендови.

Со пазарна капитализација од 60,1 трилион долари, американската берза држи 49% од глобалниот пазарен удел – и најголема концентрација на компании вредни милијарда долари.

Со други зборови, САД имаат околу пет вакви компании на секој милион жители. Оваа сила може да се припише на технолошкиот напредок, значителните текови на ризичен капитал и економската конкурентност на Америка.

И покрај демографските предизвици, Јапонија веднаш зад САД, со компании вредни 404 милијарди долари.

Под претседателот Шинзо Абе, јапонскиот берзански пазар претрпе значајни реформи, кои ги зголемија странските инвестиции и активноста на спојувања. Покрај тоа, Токиската берза бара од компаниите да објаснат како планираат да ја зголемат својата пазарна вредност, особено на пазар кој често се смета за потценет.

Индија е на третото место, бележејќи експлозивен раст на големите компании поради зголеменото учество на инвеститорите и инвестициите во инфраструктура. Во текот на изминатите пет години, нејзиниот водечки берзански индекс порасна за 137% – надминувајќи го растот од 98% на S&P 500.

Кина е на шестото место, со 216 компании вредни милијарда долари или повеќе. Генерално, Азиско-пацифичкиот регион има втор најголем удел на компании вредни милијарда долари по Северна Америка – 30% од вкупниот број. Од друга страна, Латинска Америка и Африка имаат најмал удел, со 3% и 1% учество.

Подготвено од М.Д.

About Author