
06.05.2025 Скопје
Во Европа, Финска е единствената држава каде што повеќе се работи од дома отколку во Германија, а таму просекот изнесува 1,7 дена неделно.
Работата од дома е најпопуларна во Канада, каде што на тој начин се работи 1,9 дена неделно, и во Велика Британија – 1,8 дена неделно.
Вработените во САД работат од дома во просек 1,6 дена неделно, исто како во Германија. Обратно е во Јужна Кореја каде работниците работат од дома само 0,5 дена неделно, како и во Кина и Грција, по 0,6 дена неделно.
Германците работат од дома повеќе од вработените во други европски земји, се наведува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен, спроведено меѓу вработени со факултетска диплома во 40 земји.
Според анализата, луѓето во Германија работат од дома во просек 1,6 дена неделно.
Во речиси сите земји, нивото на работа од дома е подеднакво високо кај мажите и жените.
Анкетата била спроведена од ноември 2024 до февруари 2025 година во 40 држави меѓу луѓе на возраст од 20 до 64 години. Опфатени биле вкупно 1.000 луѓе.
Подготвено од М.Д.