
09.05.2025 Скопје
Украина е подготвена за целосно примирје кое може да започне веднаш, од овој момент – 30 дена молк, но тоа мора да биде реално, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Без ракетни или беспилотни напади, без стотици напади на фронтот. Русите мора соодветно да одговорат – со поддршка на прекинот на огнот. Тие мора да ја покажат својата подготвеност да ја завршат војната“, рече Зеленски.
Тој додаде дека „ова не е прв пат и дека ја повторуваат оваа понуда“.
„Триесет дена што можат да станат почеток на години мир. Примирје, долготрајно и сигурно, ќе биде вистински показател за движењето кон мир. Америка може да помогне во ова. На светот му е потребна Америка сега, исто како што му беше потребна пред осумдесет години“, рече Зеленски.
Подготвено од М.Д.