TRAMP

14.05.2025 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе нареди укинување на санкциите на Сирија на барање саудискиот престолонаследник, што е огромен поттик за привремениот сириски претседател, екстремниот исламист Ахмед ал Шара во неговите обиди да ја контролира земјата.

Трамп ненадејно ја објави најавата на регионалната турнеја која почна во Саудиска Арабија. Белата куќа објави дека Трамп ќе се поздрави со Ал Шара за време на посетата на Саудиска Арабија, што назначи дека средбата на американскиот претседател и поранешниот командант на Ал каеда ќе се случи утре.

Два извори од кабинетот на сирискиот преоден претседател кажале дека Ал Шара ќе отпатува во Ријад за да се сретне со Трамп.

САД ѝ воведоа строги санкции на Сирија за време на владеењето на Башар ал Асад. Саудиска Арабија ги предводи повиците за укинување на санкциите.

Трамп кажа дека ќе ги укине сите санкции на Сирија, оценувајќи дека тие завршиле важна работа, но дека сега е време Сирија да тргне напред.

„Ќе наредам укинување на сите санкции прот9ив Сирија за да им дадам шанса за успех“, кажа Трамп во Ријад.

„Време е да блеснат. Сите ги тргаме. Среќно Сирија, покажи ни нешто многу посебно“, порача американскиот претседател.

Ал Шара со години беше лидер на сириското крило на Ал каеда, пред наводно да ги прекине врските со џихадистичката мрежа.

Хајат Тахрир ал Шам, терористичката група која ја предводеше Ал Шара, официјално беше распуштена во јануари.

Подготвено од М.Д.

About Author