trajko-slaveski

29.05.2025 Скопје

Синоќа пред полноќ, Собранието на Република Северна Македонија го избра Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка. За неговиот избор гласаа 68 пратеници, додека 16 беа против.

Дебатата во Собранието ги подели мнозинството и опозицијата. Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја нагласија стручноста на Славески и неговиот придонес во економските реформи, додека од СДСМ и други опозициски партии беа упатени критики за неговата политичка поврзаност и ставовите што, според нив, може да ја загрозат независноста на централната банка.

Славески е универзитетски професор по економија и поранешен министер за финансии во владата на пребеганиот Никола Груевски. Во последниот состав на Советот на Град Скопје ја извршуваше функцијата претседател при што беше познат по расправиите со градоначалничката Данела Арсовска, чија кандидатура беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Подготвено од М.Д.

About Author