
30.05.2025 Скопје
Студентите во блокада на Факултетот за технички науки во Нови Сад објавија список на градови каде што ќе се одржат протести на 1 јуни.
„Генералната проба почнува. Изберете град, повелете во салонот…“, напишаа студентите во блоката на ФТН на својот профил на социјалната мреќа „Икс“.
Во објавата се наведува дека протестто ќе се одржи во: Јагодина, Зрењаник, Чачак, Ужице, Краљево, Лесковац, Пирот, Врање, Бор, Лозница, Ваљево, Сомбор, Суботица, Кикинда, Сремска Митровица, Нови Пазар, Крушевац, Ниш, Белград, Бела Паланка, Алексинац, Сурдулица, Власотинац, Рума, Прибој, Шабац и Прокупље.
Инаку, студентите во блокада претходно го најавуваа следниот поголем протест за 1 јуни, но го наведоа само Пожревац како место каде што ќе се соберат.
Објавите во врска со протестот беа проследени со слоганот „Децентрализацијата започна“.
Подготвено од М.Д.