stojane-stoilov-9cdb752f-c5c4-458b-befb-828f26bd404-resize-750

05.05.2025 Скопје

Поранешниот репрезентативец на РС Македонија, Стојанче Стоилов се враќа во стручниот штаб на ракометната репрезентација, соопшти селекторот Кире Лазаров.

Тој се враќа пред натпреварите против Естонија и Литванија во квалификациите за пласман на Европското првенство.

РС Македонија во четврток од 18 часот гостува кај Естонија, а три дена подоцна во истиот термин ја пречекуваме Литванија.

Со победи во овие два меча, „црвено-жолтите“ ќе се пласираат на Европското првенство.

Подготвено од М.Д.

About Author