toploten_bran

28.05.2025 Скопје

Следната седмица ни пристигнува првиот Африкански топол бран и истиот конечно ќе ни донесе многу повеќе сонце, како и летни температури на воздухот, најавуваат метеоролозите.

Во текот на следната седмица, температурите ќе бидат летно високи и тие на повеќе места ќе се искачат близу 30 степени, а во Повардарието тие ќе бидат  над 30 степени.

Врнежите пак речиси и дека ќе ги немаме следната седмица, а тоа значи дека барем отсега гледано, очекуваме конечно повеќедневно стабилно и суво време, со многу повеќе сонце.

Од 1 јуни ни почнува климатолошкото лето.

Подготвено од М.Д.

About Author