EKO AVTOBUS

08.05.2025 Скопје

На барање на Град Скопје и останатите општини во финална фаза е подготовката на тендер за набавка на нови еколошки електрични авотбуси, вкупно 120 од кои 80 ќе бидат за Скопје, најави Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Јавниот превоз ќе биде на многу попристојно ниво од ова што е сега и очекувам резултатите да бидат до крајот на оваа и почетокот на следната година, нагласи Николоски.

Николоски очекува и првата линија на „Градскиот воз” Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече синоќа, за голема инвестиција од педесетина милиони евра за сите три предвидени градски линии.

Подготвено од М.Д.

About Author