ZNAME SHVAJCARIJA

15.05.2025 Скопје

Владата на Швајцарија предупреди дека ќе бара да го ограничи слободното движење на луѓето од ЕУ ако нето имиграцијата или зависноста од социјална помош надминат одредени граници.

Швајцарија и ЕУ во декември минатата година постигнаа договор за продлабочување на економската соработка и покрај противењето на националистите, за кои Европска Унија е закана по суверенитетот на земјата. Договорот се соочува со долг процес на ратификација, при што имиграцијата е клучно прашање. Поради тоа Владата сака да воведе така наречена заштитна клаузула.

Швајцарскиот министер на полицијата Беат Јанс, наведе дека клаузулата е потребна ако имиграцијата од ЕУ, прекуграничните патници, невработеноста или социјалната помош достигнат одредени нивоа.

Заштитната клаузула е како апарат за гаснење пожар на ѕидот. Кога има пожар, среќни сте што имате алатка при рака за брзо да го изгаснете пожарот пред да предизвика штета, изјави швајцарскиот министер на полицијата Беат Јанс.

Доколку Швајцарија ја активира клаузулата, прашањето оди ќе се разгледфува пред заеднички комитет Швајцарија – ЕУ, а ако не биде постигнат договор за понатамошна постапка, Берн ќе се повика на арбитражен суд.

Швајцарија доживеа брз раст на населението, поради што десничарските партии се залагаат за построги ограничувања на имиграцијата.

Подготвено од М.Д.

About Author