
02.05.2025 Скопје
Соединетите Американски Држави вложуваат 500 милиони американски долари во иницијатива за вакцини, со цел да се создадат “универзални” вакцини кои обезбедуваат заштита од мноштво вирусни варијанти истовремено.
Планот предвидува создавање на вакцини од хемиски деактивирани цели вируси, што е слично на начинот на кој се развиваа вакцините против инфлуенца пред неколку децении.
Овој чекор е дел од она што Министерството за здравство и социјални служби (HHS) го означува како “Генерациски златен стандард”.
Проектот исто така опфаќа истражување за втора универзална вакцина против инфлуенца и универзални вакцини против коронавирус. Американскиот секретар за здравство и социјални служби, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, ќе инсистира сите нови вакцини да бидат тестирани со плацебо.
Подготвено од М.Д.