tramp-vojnici

03.05.2025 Скопје

По повод роденденот на претседателот Доналд Трамп и 250-годишнината на американската армија на 14 јуни, Пентагон работи на планови за голема воена парада во Вашингтон.

Парадата може да вклучува повеќе од 6.500 војници, околу 150 возила и 50 борбени авиони, известуваат американските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Прославата за годишнината од основањето на американската војска, која е позната во воените кругови како “роденден на војската”, ќе се одржи низ САД и во американските бази ширум светот. Како дел од подготовките, планирано е преместување на војници и воена опрема во Националниот парк Вашингтон, кој се простира од Капитол до споменикот на претседателот Абрахам Линколн. Извори потврдиле дека парадата ќе се совпадне со 79-от роденден на претседателот Трамп.

Подготвено од М.Д.

About Author