
08.05.2025 Скопје
Британската влада утрово објави официјално соопштение за трговскиот договор меѓу Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Иако договорот се уште не е официјално потврден, се укажува на тоа дека е по“Премиерот секогаш ќе дејствува во британскиот национален интерес – за работниците, бизнисите и семејствата.
Соединетите Држави се незаменлив сојузник, и економски и во однос на прашањата за националната безбедност. Разговорите за договорот напредуваат брзо, а премиерот ќе даде повеќе информации во текот на денот”.
Кир Стармер, лидерот на Лабуристичката партија, утрово има говор на Денот на победата во Европа (ВЕ), па ќе биде интересно да се види дали тогаш ќе го спомене договорот.
Ако не, се очекува нешто да се слушне за тоа во парламентот, а подоцна во текот на денот – во 15 часот по локално време – најавено е официјално обраќање од САД, кое синоќа го најави Доналд Трамп.
Секретарот за одбрана Џон Хили утринава изјави дека не може да ги прејудицира случувањата пред официјалното соопштение од Даунинг стрит, но додаде: „Уверен сум дека нашите преговарачи ќе обезбедат добар договор со Америка“.
Подготвено од М.Д.