scott-bessent

07.05.2025 Скопје

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави пред Конгресот дека САД би можеле да постигнат трговски договори со најголем дел од своите клучни партнери до крајот на годинава.

Околу 97 или 98 отсто од нашиот трговски дефицит се поврзани со само 15 земји. Би се изненадил ако не постигнеме најмалку 80 до 90 отсто од договорите до крајот на годината, а можеби и порано, рече Бесент на сослушување пред Одборот за апропријации на Претставничкиот дом.

Тој додаде дека е можно уште оваа недела да бидат објавени договори со некои од најголемите партнери. Бесент нагласи дека САД преговараат со 17 од 18-те најважни трговски партнери, но дека со Кина преговорите сѐ уште не се почнати.

Министерот очекува значително намалување на царините и укинување на нетарифните бариери, како и прекин на манипулациите со валути и субвенциите што влијаат врз конкурентноста.

Подготвено од М.Д.

About Author