ukraina-rusija

29.05.2025 Скопје

Русија предложи следната рунда преговори со Украина да се одржи на 2 јуни, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Истанбул е предложен за домаќин на преговорите, јавуваат руските новински агенции. Украина се уште не одговорила на оваа покана од Русија.

Кремљ претходно го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се одржи трилатерален самит со неговите колеги Владимир Путин и Доналд Трамп, но преговарачот на Владимир Путин и понуди на Украина датум и место за разговори во наредните денови за размена на меморандум за решението.

Предлогот на Зеленски за одржување на трилатерален самит беше одбиен, но после тоа преговарачот на Владимир Путин Владимир Медински предложи други мировни преговори, наведувајќи дека Русија чека одговор што е можно поскоро.

Медински го потврди телефонскиот разговор со украинскиот министер за одбрана Рустам Умеров и додаде на апликацијата за пораки Телеграм дека руската делегација е подготвена лично да се сретне со украинската страна во наредните денови.

Претходно денеска, Кремљ го отфрли предлогот на Зеленски да се одржи трилатерален самит со Путин и Трамп, чија цел е да се унапредат мировните преговори по повеќе од три години руска инвазија.

„Таков состанок мора да биде резултат на конкретни договори меѓу двете делегации“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на брифингот со новинарите.

Рускиот претседател Владимир Путин веќе ја игнорираше поканата на Зеленски да се сретне со него во Турција во средината на мај. Володимир Зеленски на прес-конференција утринава ја спомена можноста за трилатерален самит со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ако Путин не се чувствува удобно со билатерална средба или ако сите сакаат трилатерална средба, тоа не ме загрижува“, додаде тој.

Подготвено од М.Д.

About Author