
08.05.2025 Скопје
Од САД велат дека и Русија има премногу барања за крај на војната во Украина.
Aмериканскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека Русија поставува нереалистични барања. Тој додаде дека во Белата куќа постои незадоволство околу обидите да се продолжат мировните разговори со Москва. Следно е да ги поттикнат Русите и Украинците да преговараат директно.
„Русите поставија конкретен сет барања и отстапки како услов за завршување на конфликтот. Ние сметаме дека тие бараат премногу“, изјави Венс.
Тој рече дека САД се фокусираат на долгорочно решение откако Русија ја одби иницијативата на Вашингтон за 30-дневен прекин на огнот. Москва објасни дека привремено примирје не е во нејзин стратешки интерес. Украина не сака да отстапи територија за мир, но и Русија не се откажува од окупираните делови. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. Тогаш Русија имаше услови како денацификација, демилитаризација на Украина и признавање на независноста на републиките Доњецк и Луганск.
Подготвено од М.Д.