https://www.flickr.com/photos/97927270@N07/14349472966/in/photolist-nS1Noj-iiqHVa-6xSqw5-iP8Xrf-ZpASfx-89RZJg-jBybia-Ufc6i7-j7KFng-2bGAfR2-dz5Cte-Z3oTtQ-5FdHuw-9vxNJ2-nyvEEQ-9wwH1Q-86TRmW-e92Nhh-hKE9W-espkMA-KFZQcu-5nEjWh-22BTfaV-scBfHu-SWK77d-pEbCYv-E2mLTA-XhWqAm-5mo96a-sxBVpa-nGHmep-28BP7oH-U4L5ts-KVuDXn-29B5VSq-kLBdUz-9x3qzZ-4xGK7R-cZD2Bu-4xGMkr-6sXmvS-37bf-qgDzck-76RvEX-8nyC9T-ewgQ6e-2mDWKR7-221y7c5-6s1myG-fxiQyp

06.05.2025 Скопје

Премиерот на Романија, Марсел Чолаку поднесе оставка, еден ден по убедливата победа на крајната десница во првиот круг од претседателските избори и поразот на кандидатот поддржан од неговата Влада.

Со оглед на резултатите од гласањето, коалицијата формирана со либералите и партијата на унгарското малцинство повеќе нема легитимитет, наведе Чолаку.

Социјалдемократот Чолаку ја поднесе оставка до претседателот на Романија, Илие Боложан и на министрите им предложи да ја напуштат Владата поради што повеќе го немаат потребното мнозинство во Парламентот.

Министрите ќе дејствуваат со технички овластувања додека не се формира нова влада по вториот круг од претседателските избори закажан на 18 мај.

По парламентарните избори одржани во декември, Чолаку (57) остана на чело на владата врз основа на договорот, што имаше за цел да го спречи подемот на крајната десница и претставувањето на заеднички кандидат за претседателските избори.

Кандидатот на Владата, Крин Антонеску на вчерашниот прв круг беше трет. Кандидатот на крајната десница, Џорџе Симион вчера освои 40,9 проценти од гласовите, а градоначалник на Букурешт, Никушор Дан (Никусор), кој доби 20,9 отсто.

Подготвено од М.Д.

About Author