
15.05.2025 Скопје
Кинеската компанија Baidu планира прво да ја тестира, а потоа и да ја лансира својата роботакси услуга Apollo Go во Европа.
Компанија со седиште во Пекинг е во преговори со подружницата на швајцарската пошта „Пост Ауто“ за лансирање услуга „роботакси“ во Швајцарија и сака да започне со тестирање до крајот на годината.
Освен во Европа, компанијата сака да ги понуди своите услуги и на турскиот пазар.
Подготвено од М.Д.