letacka-kola-

29.05.2025 Скопје

Словачката компанија Klein Vision објави дека AirCar – првиот масовно произведен летачки автомобил во светот, ќе биде достапен за купување во првиот квартал од 2026 година.

Овој футуристички двосед, кој изгледа како спортски автомобил, може да се движи и по земја и низ воздух.

AirCar е опремен со четири тркала и две склопливи крила. Пред полетувањето, крилата се отвораат автоматски за околу две минути. Возилото користи класична писта, на која забрзува околу 300 метри пред полетувањето. По слетувањето, крилата се склопуваат во каросеријата, а возилото продолжува да вози како нормален автомобил.

Технички спецификации

Три верзии на мотори: 280 КС, 320 КС и 340 КС

Висина на лет: до 5.500 метри

Брзина во лет: до 250 км/ч

Користи обично течно гориво

Тестирано на повеќе од 500 успешни слетувања и полетувања

Почетната цена на AirCar ќе биде 800.000 долари, додека најскапата верзија може да достигне до 1.000.000 долари. Klein Vision наведува дека цената ќе зависи од опремата и пакетот на моторот.

Компанијата планира и електрична верзија на AirCar во иднина, но понатамошен развој на технологијата на батерии е во тек. Покрај тоа, AirCar веќе го доби Сертификатот за пловидба во Словачка во 2022 година, што му овозможи да се користи за комерцијален превоз на патници.

Во Велика Британија, владата инвестираше 20 милиони фунти во развој на летачки такси, а се очекува првото летачко такси да лета до 2026 година.

Според проценката на „Морган Стенли“, пазарот на летачки возила би можел да достигне вредност од 1 трилион долари до 2040 година, а дури 9 трилиони долари до 2050 година.

Подготвено од М.Д.

About Author