velika britanija se namaluva ekonomskiod pad

19.05.2025 Скопје

Велика Британија и Европската унија денеска во Лондон ќе одржат самит, пет години по Брегзит, со цел да ги постават темелите за поблизок однос, особено во прашањата за одбраната.

Британскиот премиер Кир Стармер, кој вети дека ќе ја „ресетира“ соработката со ЕУ кога стапи на должност минатиот јули, ги пречекува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Овој самит е можност за лидерот на лабуристите да ја конкретизира својата желба за зближување со Брисел и да се прекине тензијата меѓу ЕУ и претходната конзервативна влада поврзана со Брегзит, кој се случи на 31 јануари 2020 година.

Оттогаш, војната што ја почна Русија во Украина и ризикот од американско повлекување од европскиот континент ја зајакнаа врската меѓу Лондон и Брисел во нивната желба да ја зацврстат соработката во областа на одбраната.

Покрај одбраната, лабуристичката влада, која се стреми да ја поттикне трговијата отежната од бирократијата предизвикана од Брегзит, наведе дека е отворена за динамично усогласување со стандардите на ЕУ за храна и земјоделски производи.

Подготвено од М.Д.

About Author