
08.05.2025 Скопје
Црн чад се појави од оџакот на Систинската капела.
Црниот чад значи дека 133-те кардинали не донеле одлука на првото гласање на конклавата, а процесот за избор на нов папа, продолжува. Сега во Сикстинската капела ќе има максимум четири гласања дневно од утре до изборот на нов папа.
Инаку на плоштадот во Ватикан се собраа над 45.000 луѓе за да ја следат конклавата, а веднаш по објавата дека не е избран нов папа во првиот обид, масата луѓе се разотидоа.
Папата Франциск неодамна почина на 88 години.
Подготвено од М.Д.