SAD VIZA

28.05.2025 Скопје

Американскиот државен секретар Марко Рубио објави суспензија на обработката на студентски визи, јавија американски медиуми.

Дoписот,  во кој имаа увид американски медиуми, им наредува на амбасадите и конзулатите да не дозволуваат „дополнителен капацитет за закажување на студентски или визи за размена на студенти… додека не се издадат дополнителни упатства“.

Tој потег доаѓа во време кога администрацијата на Трамп се обидува да ги засили депортациите и да  поништи студентски визи како дел од своите широки напори за исполнување на неговата тврдокорна агенда за имиграција.

Подготвено од М.Д.

About Author