
02.05.2025 Скопје
Ако српскиот претседател Александар Вучиќ замине во Москва, ќе има последици за членството на Србија во Унијата.
Еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос изјави дека евентуалното учество на претседателот на Србија на парадата во Москва на 9. мај, ќе има последици врз членството на земјата во ЕУ. Ова го потврди портпаролот на Европската комисија на прес-конференција.
Кос ја нагласи потребата Србија да постигне напредок во реформите на патот кон ЕУ.
„Сметаме дека Србија ќе ги следи европските вредности и ќе биде добар партнер откако ќе аплицира за пристап. Односите со Србија не може да бидат како порано“, изјави портпаролот на Европската комисија.
Инаку, Србија е една од ретките држави што не воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина која почна пред три години.
Подготвено од М.Д.