gasovod-1-750x430

08.05.2025 Скопје

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, операторот на системот за пренос на гас АД Номагас Скопје и избраниот изведувач „Рапид Билд“ од Куманово го потпишаа договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција.

Сопственикот на „Рапид Билд“, Тони Каранфиловски, рече дека неговиот оператор има веќе големо искуство од изградбата на магистралните гасоводи низ земјата. Изведувачот веднаш ќе биде воведен на терен и, како што рече тој, ги има потребните ресурси за работа во сите фази.

Она што можеме да ветиме ние како Рапид Билд е тоа дека ќе работиме максимално посветено и квалитетно, со што ќе се обидеме да завршиме пред рокот на изградба, рече Каранфиловски.

Компанијата „Рапид Билд“ на вториот тендер понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на фирма од Србија.

Очекуваме изградбата да трае 22 месеци, а интерконекторот да биде ставен во функција во 2027. Со тоа, ние ќе имаме алтернативен влез на природен гас, повеќе избор и сигурност во снабдувањето, изјава министерката за енергетика Сања Божиновска.

Подготвено од М.Д.

About Author