PARI 3

08.05.2025 Скопје

Како што објави, Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW), највисока просечна бруто плата меѓу земјите од Централна и Источна Европа во периодот од јануари до декември 2024 година има во Словенија, која во просек изнесувала 2.395 евра. Зад неа следуваат Полска (1.912 евра) и Чешка (1.846 евра), а потоа и Хрватска.

Пониски просечни бруто плати од горенаведените земји се забележани во Унгарија (1.635 евра), Словачка (1.537 евра) и Бугарија (1.174 евра).

Во реални услови, меѓу набљудуваните земји, намалување на бруто платите на годишна основа е забележанo само во Чешка (-0,3 отсто). Позитивна реална стапка е забележана во Полска (+13,0 отсто), Бугарија (+12,4 отсто), Хрватска (+10,5 отсто), Унгарија (+5,3 отсто), Србија (+9,1 отсто), Романија (+8,6 отсто), Словачка (+4,2 отсто) и Словенија (+5,7 отсто).

Подготвено од М.Д.

About Author