velika britanija se namaluva ekonomskiod pad

14.05.2025 Скопје

Британскиот завод за национална статистика (ONS) денес објави дека стапката на невработеност во Велика Британија изнесувала 4,5% во првите три месеци од оваа година, што претставува зголемување од 0,2% во споредба со претходниот квартал и највисока вредност од летото 2021 година.

Бројот на слободни работни места во британската економија се намали за 5,3 проценти во трите месеци до крајот на април, во услови на зголемување на придонесите за национално осигурување на работодавачите.

Во тој период имало 761.000 слободни работни места, што е пад од 131.000 во споредба со претходната година, при што градежниот сектор доживеал најголем пад.

Растот на платите, исто така, ослабе, бидејќи редовните заработки во Велика Британија се зголемија за 5,6 проценти во трите месеци до март 2025 година, забавувајќи се од 5,9 проценти во претходниот квартал.

Генерално, пазарот на трудот очигледно се лади, што би требало да придонесе за забавување на растот на платите оваа година – коментира Томас Пју, економист во консултантската фирма RSM UK.

Главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, смета дека растот на платите, и покрај забавувањето, е сè уште превисок, што би можело да значи дека каматните стапки ќе останат високи подолг временски период.

Подготвено од М.Д.

About Author