
12.05.2025 Скопје
Социјалистичката партија (СП) на премиерот Еди Рама е во убедливо водство на парламентарните избори во Албанија, јавија утрово албанските медиуми, повикувајќи се на податоци на Централната изборна комисија (ЦИК). Според нив, СП освои 53,26 отсто гласови на вчерашните избори.
Втора политичка сила во земјата, според досега преброените гласови, е „Алијанса за голема Албанија“ која доби 33,92 отсто гласови. Далеку зад нив се Социјалдемократската партија со 3,79 отсто гласови и т.н. Коалициона иницијатива со 3,51 отсто гласови.
Според податоците на ЦИК, излезноста на албанските парламентарни партии е 41,41 отсто. Право на глас имаа 3,7 милиони жители, а за првпат во изборниот процес учествуваше и дијаспората.
Подготвено од М.Д.