Novak-Djokovic-and-Andy-Murray

14.05.2025 Скопје

Новак Ѓоковиќ објави дека нема да ја продолжи соработката со сегашниот тренер Енди Мареј. По само шест месеци соработка, најдобриот тенисер на сите времиња само неколку недели пред Ролан Гарос објави дека нема да ја продолжи соработката со својот поранешен голем ривал.

Поранешниот најдобар тенисер на светот и еден од најголемите ривали на Новак Ѓоковиќ во поголемиот дел од кариерата ја заврши својата играчка кариера минатата година на Олимписките игри, но не мируваше долго. Сите беа изненадени кога беше објавено дека Мареј ќе ја има првата тренерска работа како тренер на Новак, а сега таа соработка заврши.

Ти благодарам тренерот Енди за посветената работа, забавата и поддршката во последните шест месеци на теренот и надвор од него. Навистина уживав додека го продлабочувавме нашето пријателство заедно“, напиша Новак во своето официјално обраќање.

Подготвено од М.Д.

About Author