maxresdefault (4)

09.05.2025 Скопје

Луѓето кои се плашат од летање наскоро можеби ќе можат да дишат барем малку полесно. Имено, компанијата Сирус еиркрафт го претстави „Безбедно враќање“-Safe Return, систем за самостојно слетување кој ја презема контролата и го приземјува леталото доколку пилотот е онеспособен.

ЦНЕТ ја разгледа технологијата, која е сè уште во фаза на тестирање, но веќе се знае како ќе функционира. Системот, кој е дел од новиот авион СР22Г7Плус, се активира со притискање на копче. Тоа му овозможува на авионот да разговара со контролата на летање, да го пронајде најблискиот безбеден аеродром, да слета и да се исклучи сам – целосно „сам“.

Иако „Безбедно враќање“ е дел од линијата ВижнЏет од 2019 година, од Сирус велат дека морале целосно да го преработат за СР22Г7Плус. Во оваа верзија, системот не само што го контролира авионот, туку и целосно ја контролира рачката за гас.

СР22Г7Плус е авион погоден за почетници и идеален за учење летање. Како и секоја нова вештина, летањето има свои подеми и падови, но со Г7Плус тие падови би требало да имаат многу помала веројатност да завршат со катастрофа. Нагласена е можноста за откривање на абнормални шеми на летот и автономно преземање контрола и слетување, дури и без рачно активирање на копчето за безбедно враќање.

Оваа карактеристика е особено важна кога пилотот лета сам и е онеспособен да слета сам. За време на пробниот лет, користена е демо верзија на софтверот што успешно го приземји авионот, но не ги извести службите за итни случаи, ниту комуницира со контролата на летот.

Подготвено од М.Д.

About Author