nafta1-696x427-1

06.05.2025 Скопје

Цените на нафтата вчера  на светските пазари забележаа пад под 60 долари за барел, откако клучните производители решија да го зголемат снабдувањето и покрај загриженоста дека бран на давачки би можел да ја ограничи побарувачката.

На берзата во Лондон, цената на еден барел нафта изнесуваше 59,83 долари, што претставува смалување за 1,46 долари. Во исто време, на американските берзи, еден барел нафта се продаваше за 56,74 долари, што е намалување од 1,55 долари.

Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман објавија дека во јуни ќе го зголемат снабдувањето за 411.000 барели дневно, што подразбира дека до крајот на јуни на пазарот ќе бидат пласирани дополнителни 960.000 барели нафта дневно.

Подготвено од М.Д.

About Author