blog21

16.05.2025 Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи Национален самит за предизвиците во процесот на дигитализација на критичната инфраструктура, безбедноста и енергетската транзиција на кој, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Андоновски ќе има воведно обраќање за националните дигитални приоритети, а Божиновска ќе зборува за стратешката визија на државата во однос на енергетската транзиција. Меѓународни експерти, пак, од сајбер безбедноста, дигиталната трансформација и енергетиката ќе презентираат иновативни решенија и модели кои веќе се применуваат на интернационално ниво.

Во презентациите на ексоертите клучни теми ќе бидат сајбер безбедност и сајбер рикавери, заштита на податоци, решенија за целосно управувано опоравување од Ransomware катастрофи во земјата, инвестиции и посветеност за Република Северна Македонија (центри на податоци, разлики во знаење), како и надзор и заштита на критичната инфраструктура од беспилотни летала (дронови). Ќе стане збор и за дигитализација на енергетската транзиција и комуникациската инфраструктура, поддршка за општините и институциите – олеснување за лиценци, проактивно планирање на мрежни приклучоци, експанзија кон големи соларни паркови, економска проценка и квалитетна реализација, како и интернационална примена и модели на ниво на Влада

Самитот го организираат Solarmappro (Швајцарија), Assured Data Protection (Велика Британија), Sfera-IT (Словенија) и Bridgers (РС Македонија), а целта е да се обединат клучните чинители од јавниот и приватниот сектор во заедничка дискусија за иднината на критичната инфраструктура и енергетската безбедност во дигиталната ера.

Подготвено од М.Д.

About Author