
23.05.2025 Скопје
Ако сакате да купите имот во Минхен, ќе мора да брцнете подлабоко во џебовите, или пококретно- речиси 10.000 евра по квадратен метар. Тоа е сумата што треба да ја издвоите ако сакате да купите недвижност во Михен, кој е лидер на европската ранг-листа, за најскапи недвижнини.
Уште два германски града влегоа во првите пет најскапи европски метрополи за купување станови и куќи. Тоа се Хамбург и Берлин, открива Wohnimmobilien-Preisreport 2024.
Мрежата на агенции за недвижности „Ремакс“ ги анализираше цените на недвижностите во осум европски земји.
Во Минхен, просечната цена по квадратен метар за стан е 9.965 евра, а за куќи е 9.411 евра – што го прави апсолутен шампион.
Второто место ѝ припаѓа на Виена, но со значително пониски цени – становите чинат во просек 6.762 евра за квадратен метар, а куќите чинат 6.778 евра за квадратен метар.
Во Берлин, просечната цена на стан е 6.278 евра за квадратен метар, а на куќа 5.354 евра.
Во Хамбург становите се продаваат за 6.124 евра, а куќите за 6.038 евра по квадратен метар.
Три германски градови се меѓу петте најскапи во Европа – се наведува во извештајот.
Петтото место го делат Мадрид (станови – 5.221 евра/м²) и Линц (куќи – 4.796 евра/м²).
Иако германските градови се рангираат високо на листата, „Ремакс“ забележува мал пад на цените на недвижностите во Германија во 2024 година. Цените на становите паднаа за пет проценти, а цените на куќите за еден процент. Поради пониските цени, недвижностите се продадоа 48 дена побрзо отколку во 2023 година. Последниот квартал од 2024 година донесе знаци на закрепнување, со првите зголемувања на цените, особено во Хамбург.
Подготвено од М.Д.