
16.05.2025 Скопје
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со Антонио Кошта отпатуваа во Тирана.
Албанија е домаќин на Самитот на Европската Политичка Заедница чиј официјален дел е денес.
Европските лидери и лидерите од Западен Балкан почнаа да пристигнуваат, а вчеравечер според агендата беше заедничката вечера.
Темата на средбата е Нова Европа во нов свет: единство – соработка – заедничко дејствување.
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во Тирана ќе има средба со премиерот на Велика Британија, Кир Стармер. Во врска со средбата со британскиот премиер, Мицкоски најавува добри вести за РС Македонија.
„Со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана, на самитот на Европската политичка заедница, каде имам средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер со добри вести за РС Македонија“, напиша премиерот.
Од Тирана пак напиша дека утре е убав и голем ден за РС Македонија, за нејзиниот развој и безбедност.
Подготвено од М.Д.