makedonija

09.05.2025 Скопје

Македонската ракометна репрезентација одигра фантастичен меч на гостувањето кај Естонија во Талин, победивме со 36-17, што е наша најголема гостинска победа.

Момците на Лазаров тргнаа фуриозно од самиот старт, имавме предност од 8-2, добрата реализација ја продолживме и веќе во 23. минута стигнавме до двоцифрено водство од 15-5. На одморот се замина со 19-10 во наша полза.

Второто полувреме го продолживме во исто темпо, ја полневме мрежата на домаќините до конечни 36-17.

Кузмановски беше најефикасен со шест, пет постигна Серафимов, а четири Лазаревски. Одлични беа и голманите, Митревски кој бранеше во првиот дел собра седум одбрани, додека Томовски во вториот дел одбрани 13 удари.

Оваа победа на РС Македонија ќе биде неважна ако во недела од 18 часот на домашен терен не ја совладаме Литванија. Тоа е нашиот следен меч и последен во квалификациите од кој ќе зависи дали ќе се пласираме на Европското првенство.

Подготвено од М.Д.

About Author