ageler ageler 2

16.05.2025 Скопје

Македонските лидери да ја искористат можноста за членство во ЕУ, пред да им се лизне од рацете, вели американската амбасадорка Анџела Агелер.

Агелер рече дека партиите, без разлика дали се во опозиција или на власт, треба да се фокусираат на промовирање на благосостојбата на целата земја, а не само на една група.

Не знам дали сега има алтернатива. Високи државни лидери, премиерот, министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и другите министри, често се во Брисел, каде што разговараат со високи претставници на ЕУ. Како амбасадор на САД, цврсто верувам дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ. Географски, политички и стратешки, тоа има смисла. Иако САД не се дел од ЕУ, јасно ги гледаме придобивките што тоа ќе им ги донесе на граѓаните на земјата – трговија, инфраструктура, владеење на правото и антикорупциски реформи. Ја разбирам разочарувањето. Го сменивте името, знамето, направивте големи отстапки. Сепак, целта е сè уште недостижна. Но, овие одлуки, без разлика колку се тешки, мора да се донесат. Брисел не е единствен глас – тоа е сложен сојуз на држави. Секогаш е разочарувачки кога реториката станува непотребно непријателска од кој било член. Потребни се дијалог, прагматизам и акција. Верувам дека постои силна поддршка во Брисел и дека лидерите на земјата треба да ја искористат можноста пред таа да им се лизне од рацете“, изјави Агелер.

Подготвено од М.Д.

About Author