https://www.flickr.com/photos/foto_db/24336426216/in/photolist-D5wxDs-23PnDD3-2nP1msJ-2a5ifJg-zZbWmC-L6r3df-PmLSM9-2db8Vma-2mkxzhN-2k4vSAK-LrQWCa-23GVya9-2mmpART-dp1xJH-SJVkG3-Ju48Bo-21qmgQo-2jnoPoa-2k4vauF-22RcPQm-2iEJ5pC-2mSEpqs-2nXF7PE-2aZZTMX-2n5uPJD-AoKaX1-fqa92i-2YyNS-z3AMR4-ChTPoM-JPqwEE-SBDXUT-22pv2EM-2n2fPpc-26maffx-5kpAF6-BQLsx3-8pvKor-BkvnQ4-2kfsfx8-H5ePNt-SrPZH9-Emv7Dk-BJo5pK-fqa7Ji-2cYaDQA-oUbc63-iWxD4b-nJQ3rw-BkowhQ

27.05.2025 Скопје

Прво здравје, па сѐ друго… е можеби најприсутната реченица што се слуша и во секојдневната комуникација и во разни весели, па и тажни пригоди. И покрај честата употреба не е обична фраза, туку голема вистина поткрепена со фактот – ниту најголемото богатство не е доволно за да го спаси животот на човек со тешко нарушено здравје. Од каде што произлегува и добро познатото – подобро да се спречи, отколку да се лечи.

По таа логика веројатно се раководат и македонските граѓани. Превентивно или за лекување, минатата година потрошиле околу 193 милиони евра. И тоа, само во десетте најголеми аптекарски компании во државата, што значи дека во зачувувањето на доброто здравје се вложени уште повеќе пари. Но, и оваа сума укажува на значајна потрошувачка насочена кон здравствените производи и услуги, лековите, додатоците во исхраната, козметика, органска храна, медицински помагала.

Анализата  опфаќа 10 аптекарски фирми, кои се на врвот според приходот и добивката. Споредбата е направена со резултатите од претходната 2023 година, и ги покажува трендовите и перформансите во една од најдинамичните малопродажни дејности. Дел од компаниите бележат раст од над 40 проценти во приходите, додека добивките кај некои играчи се повеќекратно зголемени.

Подготвено од М.Д.

About Author