investicija

08.05.2025 Скопје

Власта најавува нов бран странски инвестиции, кои ќе донесат од 5 до 6 милијарди евра во РС Македонија. Ова, како што велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ќе значи нови работни места за граѓаните и модернизација на државата. Економските експерти сметаат дека овие бројки се нереални и оти ова е само предизборен фолклор, бидејќи во РС Македонија, реално, нема простор за толку големи инвестиции.

Досега, како што констатираат некои од експертите, имало многу ветувања за инвестиции во повеќе милијарди евра, но не се реализирале. Опозицијата обвинува дека, и по 10 месеци, Владата нема ниту еден сопствен капитален проект и продолжува со познатата практика на сликање покрај претходно започнати проекти.

Економски аналитичар смета дека бројките се нереални и оти, реално, РС Македонија нема простор за толку големи инвестиции.

Реално, бројките се преоптимистички и кореспондираат со предизборниот период. РС Македонија се соочува со дефицит на квалификувана работна сила и со инвестиции во нови фабрики кои не носат дополнителна вредност. Потребни се инвеститори и компании што ќе ја апсорбираат висококвалификуваната сила и ќе ги натераат младите да останат тука, нудејќи им одлични услови, ама фабриките не го нудат тоа. Сето ова е предизборен фолклор, бидејќи, реално, РС Македонија нема простор за толку големи инвестиции.

Подготвено од М.Д.

About Author